Македонија
Сцената „Долни Сарај“ во Охрид до крајот на годината ќе добие модерен изглед
„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид, ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период. Одговорните најавија дека градежните активности ќе почнат веднаш штом ќе завршат законските рокови за тендерската постапка.
Директорката на Националната установа Охридско лето, Наташа Поповиќ, изврши увид на моментата состојба на оваа локација. Според неа, сцената ќе претпрпи комплетна и темелна санација со нивелирање и зголемување на површината за 10 проценти, како и вградување полиуретански под за подобрување на перформансот и заради заштита од атмосферски влијанија.

Што се однесува до гледалиштата на „Долни Сарај“, ќе биде извршена комплетна санација на постојните, а ќе се постават и ново западно и ново централно гледалиште, со што капацитетот наменет за публиката ќе се зголеми 40 отсто. Исто така, проектот предвидува и проширување на пристапниот влез за товарни возила до самата сцена.
„Долни Сарај, која е една од најубавите сцени во градот, ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет, кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во Македонија – Охридско лето. Од друга страна, таа ќе биде и удобно катче за публиката. Планирано е градежните активности да завршат во декември“, изјави Поповиќ.
Комплетно санирана ќе биде и терасата на „Долни Сарај“, која лежи над самото Охридско Езеро. Таму ќе се реновира подот, како и постојната бетонска ограда. Проектната документација предвидува и комплетно реновирање и проширување на пристапните скали кон терасата.
Предвидено е и некоклукратно зголемување на капицитетот на електричната моќност, а целиот простор ќе добие и ново хортикултурно уредување.
Целокупниот проект за реконструкција и санација на сцената „Долни Сарај“ вреди 2,3 милиона денари, од кои 1,4 милион денари ги обезбеди Министерството за култура на Република Македонија преку програмата за култура за 2018 година, а другите средства фестивалот ги обезбеди претходно со цел сцената да добие модерен изглед според сите светски стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.
Македонија
Лукаревска: Не се знае колку ќе трае супсензијата на ИПАРД, а во буџетот се кратат 185 милиони денари за земјоделците
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет, ги повика пратениците да го преиспитаат намалувањето на средствата во програмата за рурален развој за скоро половина и да го прифатат предложениот амандман на СДСМ износот да остане ист како во 2025 година. Годишната стапка во буџетот беше околу 300 милиони денари.
-За 2026 година се предлага намалување на оваа ставка, скоро половина, односно 185,9 милиони денари, или намалувањето е во износ од 115 милиони денари, истакна Лукаревска.
Таа додаде дека суспензијата на ИПАРД, која е актуелна овие денови, создава и големи финансиски проблеми на самите корисници и во сегашно време, меѓутоа и во иднина.
Лукарецска стакна дека скратените буџетски средства се користат за кофинансирање на финансиска поддршка, која корисниците ја добиваат, и тоа ќе биде еден лош сигнал и за земјоделците, меѓутоа и за стопанствениците, коишто очекуваат од Владата, пред се од Министерството за финансии, како креатор на буџетот, паметно и прагматично да ги планира средствата.
-Ние не можеме да знаеме колку време ќе трае самата суспензија, а во тој период веќе ќе имаме одредени обврски коишто ќе мора да се спроведуваат, односно ќе доспее рокот за обврските коишто агенцијата ќе ги има кон корисниците, рече Лукаревска, додавајќи дека по враќањето на оваа програма повторно во сила ќе може да се компензираат овие средства преку средствата од Европската унија.
-Затоа е добро да се прифати овој амандман за доброто на земјоделците и за целиот тој засегнат – секој којшто е дел од столбовите во нашето општество за соодветен раст и развој, па дури и промоција, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска пред собраниската комисија за финансирање и буџет.

