Македонија
Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.
Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наутро студено време, преку денот сончево со слаб северен ветер

Утрото ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд, а на планините од слаб снег.
Македонија
Мицкоски: Остануваме посветени на заштитата на националните интереси и идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон. Тој говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ.
– На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање и на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.
Македонија
Перински во Ѓорче Петров: Заедно со граѓаните ќе ги надминеме сите предизвици од секојдневното живеење

Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и неговиот заменик, Ерџан Селими, вечерва во Домот на културата во Ѓорче Петров, остварија средба со граѓаните, претставниците на невладиниот сектор, спортските и културните работници, со цел да ги слушнат нивните идеи и предлози во насока на понатамошниот развој на општината.
Во конструктивна и отворена дискусија, граѓаните изнесоа конкретни предлози во повеќе области, од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка за спортските и културните иницијативи, до засилување на механизмите за партиципативно учество на жителите во носењето на одлуките на локално ниво.
Министерот Перински ја истакна важноста на ваквите директни средби со граѓаните и потенцираше дека Министерството за локална самоуправа останува посветено на поддршката на општините преку програми кои обезбедуваат балансиран локален развој.
„Нашата обврска е да бидеме постојано на терен и да ги слушнеме реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Само преку ваков пристап можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе одговараат на вистинските потреби на локалното население. Ѓорче Петров е општина со голем потенцијал, а Владата ќе продолжи да работи на создавање подобри услови за нејзините жители“, истакна Перински.
Еден од клучните приоритети кои граѓаните ги посочија беше подобрувањето на локалната патна инфраструктура, обновата на тротоарите и осветлувањето во одредени делови од општината. Жителите апелираа и за поефикасно одржување на јавните површини, како и за изградба на нови рекреативни зони и детски игралишта.
Претставниците на спортските клубови побараа зголемена поддршка за младинскиот спорт, подобрување на спортските капацитети и поедноставени процедури за добивање финансиска поддршка од страна на институциите. Културните работници, пак, побараа повеќе можности за организирање на културни настани и проекти кои ќе ја зајакнат локалната уметничка сцена и ќе овозможат поголема видливост на младите уметници.