Македонија
Таравари реагира по извештајот на „Фридом хаус“: Да се отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, реагираше на најновиот извештај на „Фридом хаус“, оценувајќи го како вознемирувачки.
„Извештајот на Фридом хаус е вознемирувачки. Вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години. Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани“, вели Таравари.
Таравари нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.
„Истото ВРЕДИ да се прави и на државно ниво. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација“, вели Таравари.
„Потсетуваме дека во последниот извештај означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата, каде има забелешки за корупција на високи нивоа како и критики за измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните не само за функционерите, но и за претходната влада“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).