Македонија
Таравари формира фудбалски камп за децата Роми од Гостивар
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во својот кабинет оствари средба со претставници на ромската заедница во градот.
Како што информираат од Општината, на средбата се разговарало за прашања од интерес на ромската заедница во Гостивар, со посебен акцент на активностите по повод одбележувањето на престојниот Меѓународен ден на Ромите.
Се дискутирало и за реализација на проекти предвидени за годинава во две населби во кое живее ромско население, односно изградбата на заштитен ѕид.
„Претставниците на Ромите му се заблагодарија на градоначалникот Таравари за поддршката на еден многу важен проект, кој доаѓа по иницијатива на Абдул Бари, вработен во општинската администрација, за формирање фудбалски камп, каде што ќе тренираат децата Роми, и ќе им се отворат перспективи да се занимаваат со овој спорт“, се наведува во соопштението во однос на средбата.
Таравари ги уверил претставниците на ромската заедница дека тие секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и дека тој е посветен секој поединец, група луѓе или заедница, да ги ужива сите права и еднакви можности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

