Македонија
„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица
„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, им зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија зголемувајќи ја два-трипати и без тоа веќе високата нотарска тарифа! Ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиената согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ!“, соопшти партијата Левица.
„Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.
Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!
Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз.
#Левица принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните, согласно реалните економски прилики во државата.
Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи“, се додава во соопштението на партијата Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

