Македонија
Тачи: Законот за јазиците е добра желба за соживот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го поздрави донесувањето на законот за јазиците во Македонија и притоа ја изнесе оценката дека законот претставува и добра желба за соживот во земјата.
Тачи упати честитки до Албанците за донесениот закон и додаде дека тој сега овозможува институционална употреба на албанскиот јазик и во највосоките државни институции истакнувајќи дека неговото донесување го отвора патот за интегрирање на Македонија во ЕУ.
Донесувањето на законот го поздравија и премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на собранието, Кадри Весели.
К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.