Македонија
Твитер „гори“ за амнестијата: СДСМ-ВМРО, кога ќе признаете дека сте коалиција?
Законот за амнестија за насилствата во Собранието на 27 април и измените на Кривичниот законик со кој се отвора пат за условни или помали казни на дел од обвинетите и осомничените во случаите на СЈО кои гласаа за уставните измени предизвикаа бура од реакции на „Твитер“.
На социјалната мрежа каде често може да се видат критики и коментари за дневно-политичките случувања, овој пат најмногу револт предизвикаа најавите за селективната амнестија што ја спроведува власта.
„Си договорија нова амнестија. Ќе го менуваат и член 353 од КЗ за да се спасат некои од арамиите коишто ги гони СЈО! СДСМ и ВМРО, кога ќе признаете дека сте во тајна коалиција?“, гласи еден од твитовите на темата.
„За нив амнестија, за нас повисоки даноци. Ете како си го разбрале она Хорхевото #разуменкомпромис“, вели друг твит.
„Мијалков го ослободиле, тоа е за ЕУ и НАТО“, иронично гласи еден од твитовите.
Во продолжение дел од реакциите на граѓаните на оваа социјална мрежа.
Си договорија нова амнестија. Ќе го менуваат и член 353 од КЗ за да се спасат некои од арамиите коишто ги гони СЈО! СДСМ и ВМРО, кога ќе признаете дека сте во тајна коалиција? Матер и ебавте на државава.. Луѓето ги закрвивте. Мајке вам га набијем лоповске.
— Диле Јоргачев (@lepi_dile) December 26, 2018
-Ќе си лежите!
-… pic.twitter.com/bfaxA4xcxa— Нандо (@NiceAsshole1) December 26, 2018
Она кога со измени на 2 члена од кривичниот законик се обезбедува 2/3 за промена на името и се „простуваат” 5 милијарди украдени пари од режимот.
Од тие 200 мил ѝ се простуваат на #БеткаСалфетка.
И да, ДУИ пак ќе се спаси од #Апсаана.
Цел криминал во овие 15 години им застари.— Исцелителoт™ (@Iscelitelot) December 26, 2018
???? pic.twitter.com/eOI0QTCjhj
— EmptyPersona (@darkhour_seeker) December 27, 2018
Мукоски место барање за амнестија поднел документи за тендер !!!
— Jana #Будење (@janae1edna) December 26, 2018
За нив амнестија, за нас повисоки даноци. Ете како си го разбрале она Хорхевото #разуменкомпромис
— Gina (@ginalynx) December 27, 2018
Се започна со амнестијата на Ѓорѓе, сите се кренаа за денес да има селективна амнестија. Кој му одговара на нашиот ни мил премиер тој ќе биде слободен, кој не ќе си лежи. Тоа е таа наша мила Македонија
— Visokio (@Visokio2) December 26, 2018
Ја не знам зашто Заев брза сите срања да ги направи во оваа година, као да ќе нема живот и во 2019.
— Миле Паника (@Mile_Panika) December 27, 2018
И Заев аплицирал за амнестија. По навика.
— Праведна Тавита (@PravednaTavita) December 25, 2018
Шефе, немаме мнозинство за у парламент, шо да праиме?
– Пушти го Мијалков од притвор. pic.twitter.com/QZGsMt0ijx— Chayanne (@NavahoCode) December 26, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

