Македонија
Телефонски разговор на Османи со украинскиот министер Дмитро Кулеба
По барање на украинската страна, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со својот украински колега Дмитро Кулеба. Во оваа пригода министрите Кулеба и Османи констатираа висок степен на развој на односите меѓу двете пријателски земји и редовниот политички дијалог, а изразија и особено задоволство и од забележителното зголемување на трговската размена во првите десет месеци од 2020 година, со очекување таквиот позитивен тренд да продолжи и да се интензивира и во иднина.
За таа цел, се очекува и скорешна средба на Мешовитиот комитет за имплементација на меѓудржавната спогодба за слободна трговија.
Кулеба му го честита на Османи неодамнешното приклучување на Република Северна Македонија во Организацијата за црноморска економска соработка и изрази надеж дека соработката меѓу двете земји ќе се продлабочува и на овој план.
Османи го информира својот украински колега за активностите поврзани со очекуваното почнување на пристапните разговори со ЕУ, како и за другите приоритети на замјата на надворешнополитички план.
Соговорниците се осврнаа и на актуелните регионални и глобални прашања.
Кулеба го покани министерот Османи во прва добра пригода да ја посети Украина, што со задоволство е прифатено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

