Македонија
Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава
Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.

Организатори на вежбата се Европската команда на САД/Команда на копнените сили на САД за Европа и за Африка и АРМ.

Вежбата ќе се изведе од 26 мај до 9 јуни.
Вежбата Immediate Response 25 е дел од најголемата НАТО-вежба оваа година на почвата на Европа како дел од вежбата Defender Europe 25 предводена од Армијата на САД, која се изведува на територијата на членките на НАТО од јужниот дел на Европа и во која учествуваат и армиите на НАТО од Европа: Црна Гора, Албанија, Италија, Грција, Обединето Кралство и единица од Австрија и Косово како дел од заедничката програма за вежби на USEUCOM-AF.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан што инволвира повеќе од 2.230 армиски припадници од 7 земји членки на НАТО и две земји партнери и годинава ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија.

Сценариото на вежбата Immediate Response 25 е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални бојни гаѓања, сајбер-вежба, премин преку река и АБХ-одбрана вежби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа именуван за директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом Куманово, склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата, без претходно да добие одобрение од Министерството за здравство и без да обезбеди согласност за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии.
На тој начин тој постапил спротивно од одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос. Притоа, во истиот временски период ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари или 353.573 евра на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.
Македонија
„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.
„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР

