Македонија
Тетово отсега е дом на претседателката, рече Kасами кој на Османи и’ подари „клуч од градот“

Тетовскиот градоначалник, Билал Касами, денес ја пречека косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу, пришто и подари „клуч од градот“.
„Тетово отсега е дом на претседателката“, порача Касами.
Градоначалникот искоментира: Тетово како еден од главните градови во Македонија, еден од најважните градови после Скопје, каде што мнозинство од граѓаните се Албанци, е мостот на соработка меѓу Македонија и Косово.
„Нашата врска со Косово не е само територијална туку и духовна. Двете војни уште повеќе го обединија нашиот однос меѓу Албанците од двете земји. Општина Тетово активно и секојдневно работи за што поскоро да заживее патот Тетово-Призрен и за ова ја информирав претседателката за активностите што ги прави општината и верувам дека во иднина овој пат, оваа врска ќе биде функционална“, рече Касами.
Транспарент и билборди со „Добредојде госпоѓо претседателке“, напишани само на албански јазик, постави локалната самоуправа по повод денешната посета на Вјоса Османи-Садриу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.