Македонија
Тошковски: Веќе за пасош не се чека со јамболлии и јоргани, ама обрасците ќе се потрошат до средината на мај

Обрасци за новите патни исправи ‘e има до средината на мај, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој објасни дека месечно се изработуваат од 75.000 до 80.000 пасоши, што е многу повеќе од претходниот месец.
„Најдоцна до средината на мај ќе се исцрпат обрасците што ги имаме. Целта е во насока да обезбедиме дополнителна количина, да продолжи континуитет, да не ги заклучуваме машините и да не се повтори состојбата што ја начекав кога стапив на функцијата пред еден месец. Потоа ќе пристигне поголема пратка на обрасци во јуни“, рече Тошковски.
Министерот додаде дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред.
„Веќе не е хаотично со јамболлии и со јоргани луѓето да чекаат пред полициските пунктови, туку си одат со закажани термини. Зголемени се бројките на фотографирани“.
Тој очекува веќе во март да бидат фотографирани над 100.000 граѓани, но вели дека е факт оти генералниот проблем нема целосно да се реши во следниот период бидејќи заклучно со 12 февруари требало да бидат обновени над 2 милиона 150.000 лични документи со старото име, но таа цел е неостварлива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерката Јаневска на министерски состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на министерски состанок на земјите од Западен Балкан за истражувања и иновации кој ќе се одржува во Подгорица, Црна Гора на 20 и 21 октомври 2025 година.
Дводневниот настан предвидува повеќе панел дискусии посветени на можностите за развој и поврзување на истражувачката инфраструктура на земјите од Западен Балкан, анализа на ефективноста на Планот за раст и националните стратегии за паметна специјализација на државите од регионот, како и за примената на вештачката интелигенција во науката и истражувањето, извести МОН.
Освен учество на панел дискусиите, министерката Јаневска ќе оствари и билатерални средби со еврокомесарката за истражување и иновации Екатерина Захариева, директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер, претседателката на Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) Асе Горницка и со црногорската министерка за образование, истражување и иновации Ангела Јакшиќ Стојановиќ, соопшти МОН.
Македонија
Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани, први избори по трагедијата во „Пулс“

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори.
Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 2.444 гласа, односно 17,24 проценти.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Овие избори се одвиваат во посебна атмосфера — тоа се првите избори по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што животот го загубија 63 млади луѓе, настан што длабоко го потресе Кочани.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.