Македонија
(Видео) Традиционален марш во организација на Форумот на жени на СДСМ
Во организација на Форумот на жени на СДСМ, во Скопје се одржа марш по повод меѓународниот ден на жената 8 Март. Маршот започна напладне пред зградата на ЕУ-Инфо центар во Скопје, а заврши во градскиот парк во Скопје (Школка).
Обраќања ќе имаа претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидатот за претседател на државата од СДСМ Стево Пендаровски, како и на Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти.
,,Го пронајдовте патот за да им ги вратите заедницата и општеството на својот народ. Вие не ја толериравте неправдата и не замолчивте пред лицето на злото на власт. Ќе ја продолжиме борбата, по вашиот пример социјалдемократите ќе станат промена која ќе ја забележат сите во регионот. Сите ние покрај леб, заслужуваме и рози”, порача Јаворник.
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски рече дека се уште постојат девојки и жени кои не можат слободно да се движат да учат или да рабптат. ,,Денес за нив ја продолжуваме борбата, за оние што се жртви на семејно насилство, за оние кои не можат да го кажат својот став. Цврсто сум убеден дека светот ќе биде поубаво место за живеење, само ако сме еднакви. Колку што една жена е кревка надворешно, толку има цврстена и стаменост во неа. Денешниот собир нека биде поттик да веруваме во еднакви можности за сите”, рече тој.
Премиерот Зоран Заев порача дека ако некој се прашува зошто се организира маршот на 9-ти, а не на 8 март, треба да знае дека жената не го заслужува само вчерашниот ден, туку сите 365 дека во годината.
,,Нашите маршеви не се за славење, туку за борба, за жените и девојките кои го заслужуваат пидесталот во општестото. Борбата за женските права произлегува токму од социјалдемократијата. Ќе марширам со вас се додека не ја постигнеме заедничката цел – ,,Единство, можеме”. Речиси во сите 17 цели на одржив развој на ОН се споменуваат жените и девојките, тие цели треба да ги постигнеме пред 2030 година. Да обезбедиме живот и благостојба на сите, да обезбедиме образование за секого, родова еднаквост, еднакви шанси за вработување”, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.