Македонија
Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар
Седмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа се одржа денеска во чест на македонски планинари Александар Миновски и Калина Велевска кои загинаа на денешен ден 11 февруари во 2018 година искачувајќи се на врвот Кајмакчалан.
Околу 500 учесници од повеќе планинарски друштва од земјава и неколку од Србија денеска се искачија на врвот Клепа на 1150 метри надморска висичина, а по патот запреа во Шумата на Калина каде таа како учесник на првото искачување на Клепа на 4 февруари 2018 година само неколку дена пред нејзината смрт го засади своето дрвце во шумата која наредната година беше именувана во Шумата на Калина.
Организатори на походот и годинава беа Еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес и Спортското планинарско еколошко друштво „Клепа“ од Росоман со подршка на Општина Градско и Росоман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

