Македонија
Тренчевска во Велес: Грижите на најранливите граѓани се и наши грижи
Кога со другарот Битиќи и претседателот Ковачевски ги кроевме овие мерки, јас секогаш настојував поголемиот дел од парите да бидат за највозрасните. Оние кои ни ја обезбедиле иднината, непрестајно работеле и се грижеле за нас! И се согласивме издвоивме 35.799.919 евра кои ќе ги поделиме на пензионерите во наредните 5 месеци. Јас и другарот Марко денес дојдовме лично да ве известиме за придобивките на деветтиот пакет мерки кој го донесе Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски. 662 милиони евра назад за граѓаните од буџетот на Владата, тоа се нарекува грижа за граѓаните, тоа е повеќе за сите, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска при обраќањето на трибината „Повеќе за сите“ денеска во Велес.
Воедно таа ги објасни категориите на пензионери кои ќе примаат финансиска помош согласно деветтиот пакет на антикризни мерки донесен од страна на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ.
„Драги пензионери кои примате пензии до 14.000 денари, за вас издвоивме по 3.000 денари во наредните 5 месеци. Кај сите 92.212 корисници на овие пензии директно ќе влијаеме овој период на товарот кој е предизвикан од зголемените трошоци за живот, како и од продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирањето на ценовната криза. За 42.253 корисници на пензија од 14.001 до 16.000 денари за 5 месеци издвоивме по 2.000 денари. И за уште 52.798 корисници на пензија 16.001 до 19.000 денари, воведуваме месечна финансиска поддршка од 1.500 денари за истото 5-месечно времетраење“, објасни Тренчевска.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ истакна дека придобивка од овие мерки ќе имаат, 187.263 приматели на најниските пензии.
Тренчевска на крајот од своето обраќање повика на поддршка, споделување, и заедничка работа кон подобри услови за живот и еднакви можности истакнувајќи дека тоа е патот кој води до „Повеќе за сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.