Македонија
Тренчевска: Мерката за самовработување е една од најуспешните мерки на Оперативниот план
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати, во подрачната канцеларија на АВРСМ во Штип ги доделија грантовите за самовработување на корисниците на мерката од Оперативниот план на активните мерки и програми за 2022 година.
„Со мерката поддршка за самовработување во Штип се опфатени 32 невработени лица. Од кои 10 се млади лица до 29 години, 11 се жени. Кандидатите коишто ги исполнија критериумите на мерката од денеска ја добиваат можноста да го исполнат својот бизнис-план кој претходно беше оценет од експертска комисија. Претходните искуства со оваа мерка покажаа дека корисниците се задоволни. Во наредниот период сме во исчекување на позитивните приказни кои сум сигурна ќе мотивираат и други граѓани за користење на мерките што Владата ги спроведува“, рече Тренчевска.
Таа истакна дека мерката за самовработување со која се доделува 5.000 евра за едно лица и 10.000 евра за содружници е една од најуспешните мерки кои се дел од Оперативниот план. Им посака успешна работа на корисниците на мерката. Посочи дека Министерството за труд и социјална политика и АВРСМ се отворени за соработка и за совети за остварување успешни бизниси.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. Со него е проектирано да бидат опфатени 14.685 невработени лица, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени, како и корисниците на гарантираната минимална помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

