Македонија
Тренчевска од Женева: Нотиран е напредок на државата во областа на права на децата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како предводник на делегацијата од Република Северна Македонија заедно со претставниците од институциите денеска присуствуваа на вториот ден од презентацијата на Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева.
Делегацијата учесвуваше во интерактивен дијалог со цел објаснување на постигнувањата на Република Северна Македонија во областа на правата на детето и одговор на поставените прашања од страна на членовите на Комитетот.

„Определбата на нашата земја е повеќе од очигледна и ќе останеме доследни на истата во иднина. Согласно презентираното преку националниот извештај, листата на одговори по дополнителни прашања и на двете сесии на интерактивниот дијалог, јасно манифестирана е посветеност на државата за унапредување и заштита на основните човекови права на децата како индивидуа. Постигнатиот прогрес е нотиран, но истовремено претставува и поттик за јакнење на нашите напори во насока на гарантирање на најдобриот интерес на детето и почитување на детските права од секој аспект“ рече Тренчевска.
Претставниците од делегацијата ги одговорија прашањата кои се од интерес на нивното ресорно министерство и дадоа детален приказ на работата и заложбите на Република Северна Македонија. Беше потенциран и мултисекторскиот пристап како и вклученоста на граѓанските организации во надминување на предизвиците и унапредување на основните права на децата.
Во фокус на дискусија беа и лицата со попреченост при што министерката истакна дека во една држава и да има само едно дете со попреченост треба да се преземаат политики и мерки како и да се овозможи негово вклучување во сите општествени сфери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.


