Македонија
Тренчевска: Потврдена е силната поддршка на УНИЦЕФ во активностите на Министерството
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани, и со претставници од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. На средбата дискусијата беше со фокус на детската заштита. Отворени беа теми за детската гаранција, стратегијата за родителство како важен документ, кој придонесува во развојот на децата, и новата кампања на Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ за промоција на менталното здравје кај младите – Walk and talk.
На средбата Тренчевска ја истакна важноста на европската детска гаранција како механизам на Европската Унија, кој има цел да ја спречи социјалната исклученост на децата, но и да се бори против неа. Таа објасни дека ваквата цел се остварува преку гарантирање пристап до збир на клучни основни социјални услуги.
Беше отворена и темата за новите активности, кои ќе почнат од октомври. Целта на активностите што ќе се спроведуваат во 16 града во државата е подигање на свеста кај младите за менталното здравје.
На крајот од средбата претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани, ја искажа својата силна поддршка кон министерката Тренчевска на сите полиња на кои работи Министерството за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

