Македонија
Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани
Остварените права се видливи права, особено кога на лицата со телесна попреченост им се олеснува движењето во јавниот живот, со што тие постојано ќе бидат меѓу нас, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешниот настан со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Македонија „Мобилност-Македонија“. Таа рече дека со ортопедските помагала на некои од нашите сограѓани им се олеснува секојдневието бидејќи тие слободно ќе се движат.
„Со 17 електрични додатоци за движење инвалидска количка и со 13 инвалидски колички на електромоторен погон на граѓаните што ги исполниле условите потврдуваме дека сите луѓе се родени еднакви и слободни. Верувам дека со овој пример на Министерство за труд и социјална политика, кој во континуитет го продолжуваме, ќе поттикнеме и кај другите институции на локално ниво да иницираат акции и да дејствуваат за подобрување на движењето на лицата со телесен инвалидет. На ваков начин не само што придонесуваме кон слободата на движење туку го подобруваме и квалитетот на животот и ја зголемуваме социјалната инклузија. Само слободни луѓе се среќни луѓе! Посакувам овој ден денеска да донесе среќа и насмевка кај сите вас“, рече министерката Тренчевска.
Министерката Тренчевска посочи дека Министерство за труд и социјална политика е партнер во сите акции што се во интерес на граѓаните во насока на подобра иднина, поквалитетен и посреќен живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

