Македонија
Тренчевска: Сензорните соби се од големо значење за лицата со попреченост и се важна алка во терапевскиот пристап наменет за нив
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Дневниот центар за лица со попреченост во Пробиштип, во кој од неодамна функционира сензорната соба за лица со попреченост.
„Големата важност на сензорната соба за лицата за попреченост ја знаат како и вработените така и родителите на лицата со попреченост. Можноста за стимулација на сетилата овозможува подобра адаптација на корисниците во надворешната средина. Умереното и контролирано изложување на лицата со попреченост на различните дразби како мирис, вкус, звуци, светлосни ефекти овозможува развивање на сетилата и нивната правилна употреба. Секој центар којшто ги користи придобивките од сензорната соба е свесен за задоволството и позитивните ефекти кои ги имаат корисниците од терапиите во неа“, истакна Тренчевска.
Дневниот центар за лица со попреченост во Пробиштип згрижува 11 корисници на возраст од 4 до 40 години. Центарот спроведува индивидуална и групна терапија во зависност од попреченоста и потребите на корисниците. Дефектолог, психолог, медицинската сестра и социјалниот згрижувач за деца се давателите на услуги во центарот.
„Изминатиот период ја усвоивме и измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, со што се воведе нова цена и за индивидуален третман од 858 денари и 1.053 денари дневно по корисник спроведена од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост“, дополни Тренчевска.
Тренчевска исто така ја истакна и важноста на сите услуги коишто се даваат на ниво на центрите коишто го олеснуваат секојдневието како кај децата така и кај возрасните со попреченост.
За изведување градежни работи за реновирање на простор во Дневен центар Министерството за труд и социјална политика инвестираше средства од својот буџет во вредност од околу 300.000 денари без ДДВ (360.000,00 со ДДВ).
За набавка и монтажа на опрема околу 300.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

