Македонија
Тренчевска – Хенрик Маркуш: Продолжува добрата соработка
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш. На средбата се разговараше за предизвиците во однос на случајот со Центарот за социјална работа во Тетово.
„Во однос на изнаоѓање решенија за предизвиците со кои се соочивме во изминатиот период ќе овозможиме вклучување на релевантните фактори во процесот и ќе работиме паралелно со различни институции за да направиме споредби во извршената работа. На ваков начин ќе најдеме решение кое ќе оди во прилог на сите чинители “, рече Тренчевска.
Министерката истакна дека насоките ќе бидат дадени од страна на експертите во министерството со коишто ќе се постапува согласно законските одредби како и досега.
„Соработката со Словачка е од исклучителна важност за нас. Досегашната наша соработка со Твининг проектот за Преглед на националното трудова законодавство се покажа како плодна. Позитивната агенда е наш приоритет, задоволни сме од соработката и затоа ќе продолжиме активно со состаноците со кои ќе ја продлабочиме истата“, додаде Тренчевска.
Двете страни се заблагодарија за можноста која беше укажана за остварување средба во пријатно и пријателско окружување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

