Македонија
Третата смена на „Комунална хигиена“ ги исчисти дивите депонии кај МРТ

Во текот на вчерашната ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за чистење на реонот кај Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов. Дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а беше извршено и машинско миење со автоцистерна.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град. Секое исфрлање на отпадот на јавни површини претставува кршење на Законот за јавната чистота и директно ја загадува животната околина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржува онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повикува граѓаните да ја потпишат, за да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост, велат од ДОМ.
„Петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и јавно контролиран систем за управување со отпад, а не повторување на истите неуспешни и сомнителни модели од минатото.
ДОМ оценува дека загадувањето од депониите и честите пожари веќе станаа сериозен здравствен ризик. Наместо ад-хок решенија, потребна е стратегија која ќе овозможи минимално депонирање, искористување на европски фондови и долгорочна цел за „нула отпад“, по примерот на европските градови.
Заедно можеме да ја промениме иднината на Дрисла и да обезбедиме чист воздух за сите. Затоа, ве повикуваме да ја поддржите граѓанската иницијатива и да ја потпишете петицијата ОВДЕ“, соопштуваат од ДОМ.
Македонија
„Кој им наредил на АНБ и АР да го следат и прислушуваат Мицкоски“: ВМРО-ДПМНЕ бара истрага од Обвинителството

„ЈО да реагира со темелна и транспарентна истрага и да го расчисти случајот. Неопходно е ЈО да почне да работи и да го расчисти скандалозниот случај со прислушкувањето на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски како и новинари и бизнисмени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните 5 години живееле во заробена држава, каде се прекршувале основните човекови права.
Пет години претседателот Мицкоски и десетици други, биле предмет на незаконски следења и прислушување од страна на безбедносните служби под контрола на СДС.
5 години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите.
АНБ и АР биле во служба на политичката мафија, додека ЈО и Љупчо Коцевски дејствувале и работеле во интерес СДС и ДУИ и прикривање на криминалот.
Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури на СДС и ДУИ.
ЈО да започне да работи во интерес на владеење на правото и правдата и враќање на довербата во институциите, во спротивно довербата на народот во правосудството од 2 проценти ќе биде нула.
Коцевски да започне да работи, бидејќи и самиот е виновен и директно одговорен за минимум довербата во правосудните органи. Одговорност мора да има.
ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР? И кој се е дел од оваа мрежа на незаконско следење?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„СДС, Шукова и Заев во 2020 година го лажеа народот дека ќе го решат проблемот со Вардариште, резултатите се нула“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во 2020 година СДС Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме“ за парламентарните избори во 2020 година на стрaна 228 каде што стои „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја“. Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДС и Шукова.
Истата таа програма на СДС го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот.
Каде завршија тие 42 милиони евра?
Зошто СДС, Шукова четири години го влечеа истиот проблем без никаква реализација?
Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште?
Како Шукова и СДС имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова само од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје?
Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДС многу ветува а ништо не исполнува.
СДС да не го потценува народот, СДС треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, граѓаните знаат кој работи за нивно добро.
ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.