Македонија
Трибина „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ – Јазикот да се негува и чува, додека живее јазикот живее и народот
„Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. Прогласен е на 30-та седница на генералната конференција на УНЕСКО во 1999-та година а е во врска со настаните од 21 февруари 1952-та година кога студентите од источен Пакистан членови на организацијата движење за бенгалскиот јазик одржаа големи протести“, рече Гоце Цветановски на денешната трибина насловена „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Цветановски посочи дека Европската Унија е Унија на држави од различни нации но со голема и силна традиција.
„ЕУ е Унија на држави од различни нации, но има голема и силна традиција. Затоа овде прашањето на националните идентитети мора да биде решено и тоа на праведен принцип за да нема незадоволни членови. Во член 22 од повелбата за основни права на унијата се вели дека Унијата ќе ја почитува културната, верската и јазичната разновидност. Но дали е таков примерот со македонскиот народ и јазик, за жал одговорот е не“, вели Цветановски.
Според професорката Елка Јачева Улчар македонскиот јазик треба да се негува бидејќи тоа е јазикот на кој творат и говорат Македонците и не треба никој да го оспорува.
„Никој ништо не му може на нашиот јазик. Ќе живее тој се додека е жив и последниот Македонец. А, Македонецот е како пиреј и веќе со децении ечи рефренскиот исказ на нашиот голем Петре Андреевски. А, пирејот, тоа е троскротна трева, па ти колку сакаш корни го, куби го, тој пак ќе расте и ќе се шири. Ете тоа е она што го забораваат оние наши т.н. браќа во сите свои Извештаи упатени до ЕУ кои се однесуваат на Македонија, на Македонците, и на македонскиот јазик“, истакна проф. Јачева Улчар.
Јачева Улчар додаде дека македонскиот јазик му припаѓа на големото семејство словенски јазици во подгрупата на јужнословенските.
„Меѓународниот семинар за македонски јазик во своето шест децениско постоење е навистина расадник на македонисти во странство. И мислам дека тука државата навистина треба да удри акценти и да ги поддржи пред се финансиски“, порача Јачева Улчар.
Професорот д-р Зоранчо Малинов во текот на трибината нагласи дека Институтот за фолклор е задолжен да го негува, да го заштитува и да го чува фолклорот на македонскиот народ.
„Во архивот на нашиот Институт има 4.000 магнетофонски ленти со снимен аудио материјал на фолклорна граѓа, етнолошка, итн. доминантно е фолклорот на македонскиот народ имаме и по неколку десетици од албанскиот, од турскиот, влашкиот народ во Македонија, но имаме и многу, многу фолклорен материјал на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија“, рече Малинов.
Тој додаде дека фолклорот е еден вид на колективна меморија и е длабоко врежан во старите македонски песни во кои се опеани јунаците, комитите. Според него јазикот треба да се негува и чува бидејќи додека живее јазикот, живее и народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

