Македонија
Тринаесет години Дирекција за заштита и спасување, Спасовски најави нејзино стручно и техничко унапредување
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во касарната „Гоце Делчев“ одбележа 13 години од формирањето, а на настанот по повод годишнината учествуваа директорот Аднан Џафероски, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Концептот на заштита и спасување е еден од базичните системски механизми според кои може да се добие јасна претстава за капацитетите, перформансите и зрелоста на едно општество, неговите институции, адекватно и ефикасно да одговорат на разните можни кризи и предизвици“, рече Спасовски во своето обраќање честитајќи им на вработените во ДЗС.

Тој додаде дека во годините од своето постоење Дирекцијата несомнено ја оправдала нужноста од своето постоење во рамките на системот за заштита и спасување.
„Во комплементарниот сегмент од институционални фактори, Дирекцијата за заштита и спасување го зазема централното место,како во делот на раното предупредување, односно следењето и процената на состојбите, така и во делот на директен одговор кон загрозувачките ситуации. Ова уште повеќе ја наметнува потребата од нејзино поинтензивно, техничко, стручно, организационо унапредување и развој“, истакна Спасовски.
Директорот на ДЗС, Аднан Џафероски, во своето обраќање потенцира дека воспоставувањето систем за заштита и спасување на ниво на целата држава, доекипирањето и опремувањето на тимовите, враќањето на дел од долгот што новото раководство го затекло по доаѓањето на чело на ДЗС, се дел од активностите шот ги спровело раководството на оваа институција во изминатата година.
„Само за неколку месеци е вратен речиси половина од долгот, а до крајот на годинава планираме намирување на обврските во целост. Како нов тим започнуваме со темелни реформи во Дирекцијата со дебата во која ќе бидат вклучени домашни и странски експерти. Така ќе дојдеме до квалитетен систем за заштита и спасување“, рече Џафероски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

