Македонија
Трипуновски: Власта ги уништува институциите, поради неисплатени долгови се со исклучена струја
Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите, напиша на својот фејсбук-профил Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претпријатието веќе трет месец се без плата и здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско Поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струјата.
Но, според информациите кои пристигаат до мене, директорот на АД Водостопанство си ги преместува канцелариите на Водно.
Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот, Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијата.
Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта на СДСМ стана практика.
Доаѓа крајот на ваквото расипничко однесување. Следуваат промени, напиша Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

