Македонија
Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирус

Собранието немаше кворум за да го утврди дневниот ред за денешната седница.
Како што истакна претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирус, па нема да бидат во можност да присуствуваат во салата.
Двајца од нив добиле решение за домашна изолација, додека третиот пратеник има симптоми и ги очекува резултатите од тестирањето за Ковид-19.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираа дека Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално.
„Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието. Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешно. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално. Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Минатата недела Собранието со 62 гласа „за“ изгласа доверба на Владата, со што беше потврдено парламентарното мнозинство. Опозицијата не присуствуваше на гласањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.