Македонија
Тупанчески – Холштајн: Соработката ќе се интензивира за остварување на заедничките цели

Министерот за правда, Никола Тупанчески, денес оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн, на која беа презентирани резултатите од досегашната работа, како и идните чекори на Министерството за подобрување на македонскиот правосуден систем.
На иницијалната средба двете страни ја потврдија досегашната успешна билатерална соработка, која особено се надополнува со поддршката од ГИЗ во текот на сите изминати години и безброј реализирани проекти, од кои значаен дел се во правосудниот сектор.
На средбата министерот Тупанчески ги презентира и идните приоритети на Министерството за правда. Дигитализацијата во правосудниот сектор останува главен приоритет, на кој ќе продолжи да се работи.
Јавните обвинителства се значаен сегмент од правосудниот систем и ставањето во функција на електронскиот систем за распределба на предмети во јавните обвинителства ќе обезбеди ефикасност во борбата против корупцијата.
Исто така, министерот истакна дека оваа година се финализира имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017 – 2022 година, а ќе се почне и со подготовка на новата Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, која ќе биде продолжение на реформскиот процес.
Амбасадорката Холштајн ја потврди поддршката за продолжување на соработката, која веќе ја имаат остварено двете држави, и ја изрази подготвеноста на Германија да даде уште поголем придонес во спроведување на реформите преку размена на искуства, особено во меѓународната судска пракса од казнената сфера.
Со министерот Тупанчески се согласија дека соработката ќе се интензивира и во насока на остварување на заедничките цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал стагнира – без обвиненија, без обвинети и без рочишта. „Само молк, само време што истекува, само надеж што бледнее,“ велат од Здружението.
„Не го забораваме јавното признание на Трифун Костовски за сторен криминал – незаконското префрлање на 3 милиони евра депозити во Комерцијална банка. Не ги забораваме фирмите поврзани со директори, роднини и бизнис-кругови, кои добиле кредити без реални гаранции. Не ги забораваме погледите на нашите најмили кога сфатија дека нивната макотрпна заштеда исчезнала преку ноќ поради недомаќинско работење на поедини криминогени умови. Не забораваме дека според извештајот за стечајот, 149 фирми не вратиле ниту една рата, а 58 од нив добиле кредити вредни 16,8 милиони евра, обезбедени само со обични меници“, велат штедачите.
Истакнуваат дека голем дел од оштетените се пензионери, работници и мали бизниси. Тие обвинуваат за „внимателно испланиран криминал“ во кој се вклучени лица од бизнис и семејни кругови на поранешни директори.
„Ќе постоиме додека последниот денар не биде вратен и додека последниот одговорен не биде изведен пред лицето на правдата. Во целиот овој план единственото нешто што не го планирале е дека ние – оштетените – ќе се обединиме и нема да замолчиме,“ порачаа од Здружението, прашувајќи дали побрзо ќе се изгради пругата Скопје–Солун отколку што ќе се поднесе обвинение за криминал тежок над 50 милиони евра.
Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.