Македонија
Турскиот град Измир доби улица Дебарска
Во турскиот град Измир, каде што живеат голем број иселеници од Република Македонија, локалната власт донесе одлука една од улиците да го носи името „Дебарска“.
Претставникот на Општина Маврово – Ростуше, Фикрет Ибраими, информира дека на свеченоста присуствувале градоначалникот на Борнова, Атила Олгун, и градоначалникот на општина Маврово – Ростуше, Медат Куртовски. На улицата, на која најголемиот број иселеници се од Реканско-дебарскиот Регион, поставена е таблата „Дебре сокак“, што во превод значи „Дебарска улица“. Во близина на оваа улица е и познатата Дебрели-џамија, односно Дебарската џамија.
На свеченоста градоначалникот на Борнова нагласи дека иселениците од Македонија имаат големо значење во економскиот развој на општината и се активни во сите сфери од животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

