Македонија
Турција донираше медицинска опрема на Клиниката за гинекологија во Скопје
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) донираше медицинска опрема и обезбеди поправки на постоечката опрема во одделот за гинекологија и акушерство при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Координаторката на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, заедно со градоначалникот на Скопје, Висар Ганиу и директорот на болницата, Башким Исмаили, појдоа во обиколка на клиниката, поточно делот за хигиена и стерилизација, токму каде што ТИКА донираше опрема.

Фото: TIKA Makedonya/Facebook
Во рамки на проектот, ТИКА донираше пет машини за перење, три машини за сушење, 14 колички, индустриска пегла, омекнувачи за вода, мијалник, шкафчиња, маси и столови.
Ајден вели дека болницата очекува дека бројката на бебиња родени во 2018 да достигне 4 000, а ТИКА ќе продолжи со проектите во Македонија за подобрување на условите на новороденчињата и со тоа се надева дека смртноста кај бебињата ќе се намали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането
Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства, што се реализира под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“, истакна министерот за здравство Аѕир Алиу.
Денес уште еднаш сакаме да укажеме на опасноста од нивно недозволено користење. Затоа уште еднаш упатуваме апел до граѓаните да не се користат пиротехнички средства за преостанатиот дел празниците, кои може да доведат до сериозни последици по здравјето и до траен инвалидитет. Петардите не се играчка, нивното користење е забрането, можат да предизвикаат сериозни повреди на очите, на дланките, изгореници и тешки повреди на телото како резултат на недозволено користење пиротехнички средства“.
Во рамките на кампањата, како што информираше, беше воспоставена поширока меѓуинституционална соработка и координација, во која активно се вклучија доктори од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, матични лекари, студенти по медицина и специјализанти, како и претставници од Министерството за внатрешни работи.
Кажа дека преку заеднички план на активности и усогласени едукативни пораки, во текот на декември, минатата година, биле одржани предавања во 137 основни и средни училишта во 27 градови низ државата, со кои биле опфатени 14 илјади ученици.
„И покрај вложените институционални напори и обемот на едукативните активности, пораката мора да се повторува, затоа што последиците од недозволената употреба на пиротехнички средства и понатаму се реални. Лекарите посочуваат дека за време на новогодишната ноќ кај седум лица (двајца возрасни и пет деца) било интервенирано заради посериозни повреди на врвовите на прстите, извршена била ампутација на дел од прсти, со рани и изгореници на дланките. Од нив, три деца биле примени во Ургентниот центар, двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија и две деца на Клиниката за детска хирургија. Овие седум интервенции се потсетник дека за секоја повреда следуваат процес на лекување и трајни последици.
Фактот дека меѓу повредените има деца, кај дел од нив била потребна ампутација, доволно зборува за тежината на последиците врз здравјето. Затоа, упатувам посебен апел и до родителите да не дозволуваат пиротехника во рацете на нивните деца и празниците да ги завршат со насмевки, а не во хируршки сали.
Македонија
Запленети над 252.000 парчиња пиротехника и поднесени 37 кривични пријави, кажа Тошковски
Министерството за внатрешни работи, во соработка со Министерството за здравство и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, денеска ги презентираше резултатите од заедничката кампања „Кажи НЕ на пиротехника“, насочена кон подигнување на јавната свест за опасностите од употребата на пиротехнички средства, особено кај децата и младите.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потенцираше дека во рамки на кампањата беа реализирани бројни превентивни и едукативни активности во основни и средни училишта низ државата, при што полициски службеници и лекари директно им ги презентираа ризиците и последиците од неправилната употреба на пиротехнички средства.
„Оваа кампања ја градиме како долгорочен процес, со јасна цел – да развиеме свест дека пиротехниката не е забава, туку сериозна закана по здравјето и безбедноста, особено кога станува збор за децата“, истакна министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека паралелно со превенцијата, МВР презеде и засилени активности за откривање и сузбивање на нелегалната продажба и дистрибуција на пиротехнички средства.
„Во текот на 2025 година запленивме над 252.000 парчиња пиротехника и поднесовме 37 кривични пријави против 37 лица за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Само во една од последните акции беа одземени над 35 тони пиротехнички средства, при што беше приведен и полициски службеник, што јасно покажува дека законот важи за сите“, нагласи Тошковски.
Тoj уште еднаш испрати апел до родителите за одговорно однесување и недозволување пристап на децата до пиротехнички средства, со цел спречување на несакани и трајни последици.
Кампањата „Кажи НЕ на пиротехника“ ќе продолжи и во иднина како дел од континуиран и системски пристап кон јакнење на јавната безбедност и културата на одговорно однесување.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја
СДС не се на власт поради тоа што го погазија македонскиот идентитет, јазик и историја. Го променија знамето, името и Уставот. И кога СДС говори за евроинтеграции најголемиот успех е сликата од авионот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нивните “успеси” се срам за македонските граѓани.
Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја. До толку ја сакаат власта да би прифатиле да бидеме и бугарска покраина, а за Гоце, Даме, Сандански уште утре ќе напишат дека се Бугари.
Но, затоа и не се на власт“.
Затоа што, како што додаваат од партијата на власт, граѓаните ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ќе ја внесе Македонија во ЕУ, без да се погази волјата на граѓаните.

