Македонија
Угостителите до МВР: Дали е запазена законската процедура за инспекциски и полициски надзор?
По повод извршената акциска контрола во угостителски објекти во Скопје на 1 јули во временскиот период од 1.15 до 3.30 часот, од страна на СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат и спроведените акциски контроли во седум угостителски објекти на подрачјето на град Скопје, лоцирани во градскиот парк и неговата поблиска околина, здружението ХОРЕКАШИ бара одговори од надлежните институции дали е запазена законската процедура за инспекциски и полициски надзор.
Здружението ХОРЕКАШИ поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер до следните институции и соодветствени одговорни лица: Инспекциски Совет на РМ – Елизабета Кучера, Министерство за внатрешни работи – Марија Јаковлеска, Државниот инспекторат за труд – Африм Селими, Управата за јавни приходи – Татјана Банишка Митровска и до Државниот пазарен инспекторат – Тина Темовска.
Со него се бара да им бидат доставени сите документи и преписки со кои институциите беа вклучени во координирата полициска акција и здружен инспекциски надзор во присуство на единиците на ЕБР, со сите инспекциски служби, поточно преписките со: Инспекциски совет, Министерство за економија – Државен пазаришен инспекторат, Министерство за финансии – Управа за јавни приходи, Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, која беше организирана во вечерните часови на 30 јуни и утринските часови на 1 јули годинава.
„Со ова сакаме да ја известиме јавноста, дека Здружен инспекциски надзор согласно со пропишаните закони на Република Македонија (Член 16-а став1од закон за инспекциски надзор) смее и може да организира само Инспекциски Совет на РМ. Здружениот инспекциски надзор само во случај на попречување на вршење на инспекцискиот надзор, смее да побара асистенција од Министерство за внатрешни работи (Согласно со член 34 од Законот за инспекциски надзор). Комуникацијата помеѓу Инспекциските органи и Министерството за внатрешни работи согласно со пропишаните закони на Република Макеоднија се одвива по писмен пат. Поточно согласно со член 7 став 1 алинеја 2 од Законот за полиција „Полицијата укажува помош (асистенција) по барање за асистенција предвидена со посебен закон (во конкретниот случај би требало да биде член 34 од Законот за инспекциски надзор). Согласно ставот 2 од член 7 од Законот за полиција „Барањето за асистенција надлежниот орган го поднесува до Полицијата во писмена форма, најдоцна пет дена пред спроведувањето на извршувањето, односно пет дена пред денот за кој е утврдена потреба за давање на помош (асистенција)“, се наведува во соопштението.
Здружението ХОРЕКАШИ бара дали е запазена законската процедура. Тие прашуваат дали која било од инспекциските служби била попречувани во инспекцискиот надзор, дали инспекциските служби поради евентуалното попречување писмено се обратиле до Министерството за внатрешни работи со барање за полициска асистенција, дали МВР писмено одговориле на барателите во случајов Инспекциските служби, за асистенција при вршење инспекциски надзор? Исто така се поставува и прашањето дали МВР има испоставено фактура до инспекциските служби за дадената услуга.
„Воедно го замолуваме Министерството за внатрешни работи да ни покаже по кој закон пропишан во Република Македонија, полицијата смее да организира акција или кординира во содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат“, се наведува во соопштението.
Во саботата вечерта полициски службеници упаднале во неколку ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите. Некои од нив, револтирани од односот на полицијата објавија реакции на социјалните мрежи. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека полицијата не употребила сила, а акцијата била спроведена според прописите и правилата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

