Македонија
Урбана акција за Меѓународниот ден за борба против корупцијата
По повод 9 Декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата – е организирана урбана акција во рамките на која се поставени десетина пораки на јавни места посветени на судството, образованието, царината – области во кои царува корупцијата.

„За жал, РС Македонија со години ја губи оваа битка и е една од најкорумпираните држави во Европа (минатата година од 44 држави во Европа, само две земји беа рангирани како покорумпирани од РС Македонија). Реномето за длабоко корумпирана земја го одржуваме со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво што остана во државата“, велат организаторите на акцијата.

Тие додаваат дека акцијата ја посветуваат на сите оние што заглавени во безизлезните лавиринти на нефункционалната администрација немале кому да му се обратат за да завршат работа или да остварат некое свое право и на крајот подлегнале и се вклучиле во синџирот на митото и корупцијата иако биле свесни дека и самите прават кривично дело, но немале друг излез.

„Инспирацијата за оваа акција, во која експлицитно споделивме десетина пораки, потекнува од вистински приказни и ситуации во кои се нашле неколкумина наши сограѓани кои своите приказни ги споделија со нас, што значи дека цитатите се вистински, а имињата се измислени. Темите на судството, образованието, царината… се само случајно избрани од многуте теми во нашето општество, во кое царува корупцијата“, се вели во соопштението
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

