Македонија
Усвоен предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина
На денешната 69. Седница на Собранието на Република Северна Македонија со 62 гласа „За“ беше усвоен предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање.
По неколку неуспешни обиди во минатото, како што информираат од МЖСПП, Министерството пристапило кон повторна изработка и подготовка на овој предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина со што одговори на специфичните потреби на инспекцискиот надзор во животната средина и го усогласи со барањата од ЕУ законодавството во областа и исполнување на нотираната обврска во последователните извештаи за прогрес-мониторинг на Европската комисија.
Законот ќе овозможи почнување на реформски процес за подобрување и реорганизација на инспекцискиот систем за животната средина на национално и на локално ниво и унапредување на инспекторирањето со што ќе обезбеди подобра заштита на животната средина.
Со донесувањето на овој закон ќе се добие од една страна повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина со кое ќе се обезбеди надминување на сегашните предизвици со човечките ресурси, како и соодветно планирање на инспекцискиот надзор на централно и локално ниво во согласност со политиките за животна средина, како и подетално уредени постапки за итните и вонредните надзори.
Главните елементи на овој закон се во насока на воспоставување координирано планирање на инспекцискиот надзор на целата територија на државата, соопшти МЖСПП.
Воведено е планирање засновано на критериуми за процена на ризикот кој го имаат субјектите на надзорот врз животната средина, но и планирање на инспекциски надзор кој ќе биде во насока на спроведување на дефинираните цели и приоритети согласно стратешките документи во областа на животната средина.
Преку воспоставување плански документи, Стратегија и Програма, за инспекциски надзор во животната средина на ниво на област, а не на ниво на инспекциска служба ќе се овозможи координација и соработка на централната со локалната власт во однос на планирањето. Соодветното планирање на инспекцискиот надзор ќе овозможи избегнување на преклопувања во инспекциски надзор, како и непокриеност на инспекцискиот надзор во одредени медиуми и области.
Начинот на планирање на инспекцискиот надзор пропишан во Законот нуди решенија со стручниот кадар за инспекциски надзор, како и соодветно и навремено планирање на финансиските средства. Пропишан е начинот на спроведување на специјализираните обуки за инспекторите.
Дополнително, вградена е меѓуопштинската соработка согласно прописите за локална самоуправа во насока на специјализирање на инспекторите за одредени области или медиуми на животната средина, што може значително да доведе до подобрување на состојбата со човечките ресурси во инспекцискиот надзор.
Законот содржи и одредби кои се специфицирани и се согласно потребите на постапката и начинот на спроведување на инспекцискиот надзор во животната средина.
Во законот се допрецизирани одредбите во однос на вршење на вонредни (ненајавени) инспекциски надзори, можностите и начинот за земање примероци во исклучителни и итни околности, како и предвидена е посебна дополнителна обврска за изготвување извештаи за определени видови на инсталации согласно барањата од ЕУ законодавството. Со овие решенија се цели и кон обезбедување соодветни докази за начинот на работењето на субјектите на надзорот, за евентуалните понатамошни прекршочни или други постапки, се наведува во соопштението на МЖСПП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.