Македонија
Усвоен предлог закон за основно образование
На предлог на Министерството за образование и наука, на денешната владина седница е усвоен текстот на предлог-законот за основното образование, кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието.
,,Донесување на нов Закон за основното образование е со цел за квалитетно уредување на условите и постапката за основање, статусните промени и престанок на основните училишта, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на основното образование, уредување на воспитно образовната дејност на основното образование, управување, развој и финансирање на основното образование, правата и обврските на учениците, родителите, наставниот и друг кадар во основното образование, уредување на правата на учениците со посебни образовни потреби и надзорот над работата на основните училишта”, соопшти Владата.
Во новиот предлог закон е вклучена и сеопфатна стратегија насочена кон инклузивен образовен систем за сите ученици со попречености.
На денешната седница е усвоен и до Собранието ќе биде доставен и предлог – закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, кој има за цел да се обезбеди услови за постојано професионално усовршување на наставниците и стручните соработници како и овозможување на нивен кариерен развој за целиот работен век на наставниците и стручните соработници. Со овој предлог закон преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници ќе се зголеми нивната мотивација, а и ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Советниците од Левицата во скопските општини со иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење дивоградби
Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, со цел поефикасно и економично спроведување на надлежностите на општините во делот на градежната инспекција и отстранувањето на бесправно изградените објекти.
Со овие иницијативи, како што велат од таму, би се воспоставил системски пристап кон проблемот со бесправните градби на ниво на целиот град.
„Ваквиот пристап е неопходен за заштита на јавната безбедност, јавниот простор, како и за спречување на понатамошна узурпација на заедничките површини и создавање небезбедна и нерегулирана урбана средина.
Со ваквата иницијатива, всушност, наместо склучување на тендери и испумпување на енормни суми од општинските буџети на приватни фирми за рушење на дивоградбите – оваа должност би ја презела ЈП „Улици и патишта” – Скопје.
Амандман за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со сите скопски општини беше поднесен на последната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката група на Левица, но, за жал, истиот беше одбиен од мнозинството поради неиздржани процедурални причини (наводна нужност општините да поднесат ваква иницијатива до Градот, што не секогаш е случај). Од таа причина, уште истиот ден од одбивањето на амандманот – советниците од Левица во скопските општини ја иницираа оваа соработка“.
Додаваат дека ваква меѓуопштинска соработка на последната седница на Советот на Градот се воспостави со Општина Центар, по иницијатива на советниците од Левица во претходниот мандат во Општина Центар.
Апелираат до градоначалниците и мнозинствата низ Советите на скопските општини, без одложување, оваа иницијатива да ја стават на Дневен ред и да се усвои.
„Безбедноста на луѓето нема простор за каприц и ароганција“, истакнуваат од Левица.
Македонија
(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска
„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.
Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“. Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.
Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.
Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.
Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.
Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.
Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.
Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.
Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.
Крај на на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики.
Крај на изолацијата! Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Македонија
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај на предавничките ДПМНЕ – ЗНАМ, порачуваат од СДСМ
ДПМНЕ-ЗНАМ прават национално предавство, со договори-мигранти за пари ја продаваат Македонија.
Нема пари во буџетот, државата доцни со исплата на социјална помош, породилно, поврат на ДДВ, нема пари за поголеми плати и пензии. Дупката е веќе 1 милијарда евра, велат од СДСМ.
На власта, додаваат од опозициската партија во соопштението, и требаат пари ама не за плати и пензии туку да продолжи со криминалните тендери.
„161 тендер за една фирма, 14,5 милиони евра за две фирми, сите граѓани веќа видоа како се испумпуваат парите на граѓаните.
Затоа ја продаваат Македонија, за пари.
Нема да седиме со скрстени раце додека ДПМНЕ-ЗНАМ ја распродаваат Македонија.
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај овие предавнички и криминални политики. Крај на предавството на Македонија“.
Порачуваат дека доаѓа крајот на, како што велат, предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ.

