Македонија
Утврдена дискриминација врз малолетни Роми зависници од дрога
Основниот граѓански суд 2 во Скопје пресуди дека Министерството за здравство извршило дискриминација врз малолетни Роми што имаат проблеми со зависност од дроги, со тоа што не им обезбедило третман или рехабилитација, информира Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР).
Министерството добило наредба да усвои конкретна програма за третман на деца корисници на дроги во рок од три месеци по донесувањето на пресудата во судската постапка поднесена од страна на Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР) во име на ромски деца на кои им било негирано правото на еднаков пристап до здравствена заштита.
„Недостигот на третман за малолетници е проблем што се провлекува со години, а како резултат на тоа се губат животи на млади Роми“, вели Сенада Сали, менаџер за правни работи во ЕЦПР.
Од ЕЦПР наведуваат дека судот пресудил оти во Северна Македонија на децата што имаат проблеми со зависност од дроги им е прекршено правото на еднаквост врз основа на нивната возраст и врз основа на нивниот статус како маргинализирана група на деца корисници на дроги. Судот потврдил и дека ромските деца што имаат проблеми со зависност од дроги се дополнително индиректно дискриминирани врз основа на нивната етничка припадност и преголемата застапеност меѓу децата корисници на дроги.
Тужбата беше поднесена од страна на ЕЦПР во април 2020 година.
„Побарав детето да биде хоспитализирано на психијатрија, но не прифатија бидејќи тој е многу млад. Ми рекоа: не можеме ништо да направиме, тој дува лепак, треба да наполни 13 години за да може да го ставиме во затвор. А јас им реков дека тој може да умре пред да наполни 13 години…“, сведочи една мајка.
Според НВО ХОПС, дури 40 % од корисниците на нивниот центар се од ромска националност. Меѓу малолетните Роми хероинот е предоминантна дрога што се користи, велат од оваа невладина организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

