Македонија
Утврдени многубројни пропусти, дисциплински постапки за 11 лица во затворот во Шуто Оризари
Најмалку 11 лица вработени во Истражниот затвор „Скопје“ ќе одговараат за направени пропусти, кои довеле до двата одвоени инцидента со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои судот им одреди притвор.
Како што дознаваме од затворски извори, одговорност ќе се бара од вработени во чуварската служба, но и од раководни структури во затворот, кои направиле низа пропусти во работењето.
Детален извештај е изготвен од страна на Истражниот затвор „Скопје“ и е испратен до Управата за извршување санкции во Министерството за правда. Од таму денеска се очекуваат не само препораки, туку е можно и да се прошири листата на одгoворни лица против кои ќе бидат поведени дисциплински постапки.
Според она што е наведено во извештајот, првично биле детектирани пропусти во протоколите за постапување, како и непостапувањето по протоколот за изведување на притворените лица надвор од собите. Во извештајот се наведува и дека до нарушена безбедност довело тоа што не бил извршен рачен претрес на просториите, што им овозможило на притворениците во ќелиите да чуваат арсенал предмети што не се дозволени, како телефонски апарати, но и други предмети со кои може да се нанесат физички повреди.
По инцидентите во затворот во Шуто Оризари, кога беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски, оставка поднесе директорот на Истражниот затвор, Ѓоко Котески.
Инцидентите се случија пред една недела за време на прошетката во затворот, која трае два часа во денот. Јанакиески и Ристовски во одвоени инциденти првин почнале вербална расправија со осуденици за „Диво Насеље“, која потоа преминала во физичка пресметка.
Д.Т.З.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

