Македонија
Утврдени се активностите за проверка на вработените во МВР
Владата на денеска одржаната седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во МВР.
Согласно тоа, се задолжува МВР, најдоцна до 20 август да формира работна група со задача да изготви предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 1 октомври да го достави до Владата. Во Информацијата од МВР наведено е дека процесот на ветинг во полицијата во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики.
Заради креирање праведна институција, со високи стандарди на интегритет, зголемување на професионалноста на вработените, зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата, обезбедувајќи чесни, кредибилни и посветени полициски службеници, како што е констатирано, неопходно е МВР да пристапи кон подготовка на нацрт-текст на посебен закон, во којшто ќе се дефинираат сите потребни елементи за ефикасно спроведување на процесот на проверка, односно оценување на вработените во Министерството.
Во меѓуресорската работна група предвидено е да учествуваат вработени во Министерството, претставници од стручната јавност, претставници од Мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници од невладиниот сектор, со задача да спроведе сеопфатна анализа за тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР врз основа на компаративни искуства и да изготви предлог-закон, заедно со акциски план околу процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

