Македонија
Утре без струја делови на Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чучер-Сандево

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре се планирани исклучувања во електросистемот во делови на Скопје.
Во периодот од 8.30 до 17 часот корисниците од улицата Тодор Чангов – подулиците 23, 25, 27, 29, 31, 33, 35, 37, 39, 40, 42, 44, 46, 48 и други подулици во непосредна околина во општина Аеродром.
Во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од с. Орман до пругата во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 10 до 12 часот корисниците од делови од улиците Герника, Киро Фетак и Ратко Митровиќ во близина на туланата во Драчево и фирмата „Марлес“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 13 часот дел од корисниците од селата Бразда и Чардак во општина Чучер-Сандево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утрово ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево и потопло

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11 до 13 часот, корисниците од викенд населба село Кучково, општина Ѓорче Петров.