Македонија
Утре без струја корисниците од неколку скопски општини
Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека утре, 4 октомври, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски улици.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од Ново Село дел од ул. 106. (општина Ѓорче Петров), во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од селата Дворце и Орашје (општина Сарај), во периодот од 12 до 13:30 часот, дел од ул. Пат за село Количани, дел од ул. Пат за Китка, објектите кои се наоѓаат на патот за село Количани кај ресторант „Вединг хаус“ во Драчево (општина Кисела Вода).
Во периодот од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од с. Горно Соње ул. 8 (општина Сопиште), во периодот од 9 до 10 часот, дел од бул. Борис Трајковски, раскрсница Усје, најблиските подулички околу автоплацот (општина Кисела Вода), во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од улиците со броевите 4, 6 и 7. во с. Батинци (општина Студеничани), во периодот од 8:30 до 10 часот, дел од ул. Жил Верн (општина Кисела Вода) и во периодот од09 до 11 часот, дел од ул. 1439, нас. Пинтија (општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

