Македонија
Утре и задутре облачно со дожд, од среда сонце

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно, во вечерните и ноќните часови на повеќе места со врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на ситен град. Повеќе услови за нестабилност и пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава, информира УХМР.
Времето утре ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, а потоа во следните денови условите за нестабилност ќе се намалат. Во текот на наредната седмица утринските температури ќе бидат релативно ниски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.