Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 15 степени
Времето утре на повисоките подрачја ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манасиевски: Две недели по катастрофалните избори за СДС, партијата и натаму без никакви промени во врвот
Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара. Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата. Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател“, рече Манасиевски.
Македонија
Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото
Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.
Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.
Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес
Сообраќајот на патниот правец Градско – Велес, кој беше во прекин поради незгода, во 11:30 часот e пуштен во двата правци, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

