Македонија
Утре сончево време со температура до 32 степена

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец.
Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Следува период на значително топло време за овој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Сокол од затворот во Шуто Оризари направил хотел, СДСМ да го осуди и исклучи од партијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика Социјалдемократскиот сојуз да го осуди и исклучи од Централниот Одбор на партијата, Филип Андов Сокол.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од установата направил хотел, а криминалци осудени за тешки дела излегувале кога ќе посакаат.
„Филип Андов Сокол како директор на затворот Шутка овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден. Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор. Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси“, изјави Петрушевски.
Додаде дека со Филип Андов Сокол, државата, буквално работела за криминалци.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ако опозициската партија не излезе да се извини јавно, да го разреши Сокол од партиските тела и да го осуди, ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат.
Како што беше вчера соопштено, петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари, незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа, а тоа им го овзоможувал поранешниот директор Филип Андов кој е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење на органзииран криминал и корупција. Тие се гонат за „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ и кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Спроведувањето на осуденици од затвор се спроведува единствено до суд, здравствена установа или друг орган. Но, тие доставувале молба до Андов кој со факсимил или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот.
Обвинителството до Кривичниот суд достави предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничените.
Македонија
Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам.
„Пред точно една недела добивме ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитатот кој ги исполнува сите услови пропишани со Законот за култура. Во меѓувреме добивме информации дека конкурсот веќе се спроведува незаконски, и дека по секоја цена се оди кон тоа меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери да биде назначен за директор на нашата институција. Имаме информација дека Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандитатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена. Со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, се со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција“, истакнуваат во соопштението вработените во Македонската филхармонија.
Македонија
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.
„Активностите се одвиваа на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“ како и на улицата Лазар Трповски“, извести Комунална хигиена-Скопје.
„Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад одложени на јавни и сообраќајни површини.
Во текот на 2024 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје во оваа скопска општина отстрани вкупно 2970 кубни метри отпад од диви депонии, што е најголемо количество во однос на сите останати скопски општини. Само во текот на месецот јануари 2025 година, се подигнати и транспортирани 205 кубни метри отпад од диви депонии во општината Чаир“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.