Македонија
Утре ќе биде објавен оглас за професионални војници во АРМ
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска информираше дека утре ќе биде објавен конкурс за прием на 125 професионални војници во АРМ.
„Утре го формализираме и го објавуваме првиот конкурс за прием на нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија којшто ќе биде дел од вкупно 375 нови професионални војници кои треба да го зајакнат составот на Армијата. Со тоа даваме придонес на политиката на Владата на Република Македонија за создавање нови работни места кои ќе бидат подобро платени“, рече министерката Шекеринска.
Министерката ги повика сите млади луѓе до 25 години возраст со завршено средно образование кои веќе доброволно го отслужиле воениот рок да се пријават на овој конкурс. Дополнително, рече таа, во следните 10 дена и официјално ќе почне процесот на набавка на униформи и чизми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотресот со епицентар во скопското подрачје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 04.11.2024 година, во 20 часот и 35 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија.
Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ.
Земјотресот е почувствуван и кај дел од жителите на Скопје.
Според податоците бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово во 19 часот и 35 минути.
Се уште не се објавени податоци за неговата јачина.
Македонија
Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност
Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност.
На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.
На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.
Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.
Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.
Советот за безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а по потреба и почесто.