Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово и Виница, -2 во Тетово, Прилеп и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Велес, 0 во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 1 во Претор, 3 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 32 сантимерти на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови, 3 во Скопје-Петровец, 2 во Виница, 1 во Крива Паланка.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно, преку денот со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

