Македонија
Учениците на СОУ „Горче Петров“ во Прилеп ќе ја почнат новата учебна година во реновирано училиште
Министерството за образование и наука континуирано вложува во подобрување на условите во кои учениците се школуваат, како еден од предусловите за квалитетно образование. Во Прилеп, во СОУ „Ѓорче Петров“, завршуваат градежните активности за реконструкција на училишната зграда, со средства од МОН во износ од 12,6 милиони денари или приближно 200.000 евра. Средното училиште, познато по иновативните идеи, не било обновено уште од минатиот век, од изградбата во 1963 година.
Реконструкцијата опфати дренажа и поврзување на атмосферската канализација, реконструкција на подовите во сите простории во училишната зграда со поставување линолеум, промена на осветлувањето и поставување ЛЕД-светилки, санација на внатрешните ѕидови од влага и малтерисување, промена на азбестните плочи на дел од покривот со сендвич-панели и поставување на термоизолациска фасадна обвивка.

Министерството за образование и наука, во последните две години, во буџетот намени 1 милијарда денари, на годишно ниво, за изградба на училишта, спортски сали, за реконструкција на постојни објекти и слично, што е двојно повеќе од изминатите години. Во соработка со локалните самоуправи, МОН создава услови за непречено и квалитетно изведување настава.
Образованието е најголемиот влог во иднината и развојот на државата, затоа МОН продолжува со капитални инвестиции, како и со унапредување на наставните програми и обуки на наставниот кадар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

