Македонија
Учениците од ОУ „Песталоци” во посета на лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
На едукативна посета во лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје 100-ина ученици од Основното училиште „Песталоци“ на возраст од 7 до 8 години одблиску имаа можност да се запознаат со функционирањето на претпријатието.

За време на посетата тимот од лабораторијата преку интересна презентација ги едуцира најмладите за значењето на водата, како таа се прочистува и пристига до нивниот дом.
„Скопската вода е една од најквалитетните во цела Европа. Ова е важен податок со кој треба да бидат запознаени сите граѓани, секако, и најмалите. Децата се нашето најголемо богатство и токму поради тоа уживав во секој момент од едукативната посета. Овој настан имаше цел да им го развесели секојдневието на учениците и притоа на интересен и едноставен начин да ги едуцира за значењето на водата. Водата што ја пиеме во Скопје е беспрекорно чиста и здрава и на неа секојдневно се прават анализи. Сега веќе овие ученици се запознаени за процесот како водата се испорачува до нивниот дом“, изјави генералниот директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски, кој присуствуваше на настанот.

Учениците, велат од ЈП „Водовод и канализација“, со големо љубопитство ја разгледаа лабораторијата и поставуваа голем број прашања, а претставниците од претпријатието најавија дека и во иднина ќе продолжат да спроведуваат ваков тип едукативни настани посветени за најмладите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

