Македонија
Учесниците, покровителите, партнерите, поддржувачите и соработниците се причината за развојот на „Визер – Скопски маратон“
Завршната манифестација на „Визер – Скопски маратон“, на која присуствуваа сите партнери и учесници, се одржа вчеравечер во Скопје.
Сојузот на спортовите на Скопје и оваа година, на 15. јубилеј на „Визер – Скопски маратон“, уште еднаш покажа дека темелите на добрата организација лежат во цврсто поставени цели, пожртвуваноста и многу труд. Тие го постигнуваат тоа благодарение на сите учесници, покровители, партнери, поддржувачи и соработници. На церемонијата тие доделија благодарници на сите што помогнаа во грандиозноста на „Визер – Скопски маратон 2019“.

„Пред 15 изданија знаевме само дека сакаме да направиме нешто големо и значајно. Сакавме луѓето да спортуваат, да се забавуваат, но и да се натпреваруваат. Многу беше емоционално кога ги видовме во толку голем број како стапнуваат на патеката. Тогаш забележавме дека нашите цели се постигнуваат и дека соништата ни се исполнуваат. Сега, како што секој тркач цели да се надмине себе, и ние ќе целиме в година да ви приредиме уште поубаво и поквалитетно искуство. Моментно може да продолжите да се подготвувате за октомври, за „Скопје трча 10 км“, истакнаа од тимот на „Визер – Скопски маратон“, Сојузот на спортовите на Скопје.
Оваа јубилејна година „Визер – Скопски маратон“ направи голем чекор и за зацврстување на хуманитарниот елемент. Тие преку соработка со givengain.com успеаја да поттикнат 164 донации на 4.248 евра од 19 земји за 3 организации – СОС Детското село, „Проект среќа“ и здружението на лица со пулмонална хипертензија „Момент плус“.

Најдобрите 3 женски тима на 5 км тим-билдинг трката беа NRC – Nike + Run Club со освоено прво место, „Делта“ со второ место и „Алкалоид – Здравјето, пред сѐ“ со трето место. Во машка категорија прв беше „Делта“, втор NRC – Nike + Run Club и трет „ДХЛ тим“.
Најдобри три женски екипи од 21 км тим-билдинг трката беа „Делта“, NRC – Nike + Run Club, Beat Run Crew, а машки АРМ, „Делта“ и NRC – Nike + Run Club.
Од женските тимови на штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ најдобри женски тимови беа Triogy Racing, „ОК Златоврв“ и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа „ОК Златоврв“, АРМ и „АК Струмица“ и мешани „МПС Скопје“, „Ваљда ќе стигнат“ и „ИПА Скопје“.
Прво место за најдобар транспарент беше Ива Весевска, а најдобра фотографија имаше Анета Цветкова.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

