Македонија
Учество на началникот на Генералштабот на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО
Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес во седиштето на НАТО во Брисел учествува на првото овогодишно редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови на Армиите на земјите членки на алијансата.
За време на состанокот на највисокото воено советодавно тело на алијансата, началниците на Генералштабовите на Армиите на 30-те земји членки ќе разговараат за повеќе актуелни теми, кои се однесуваат на одбранбените политики и мировните операции предводени од НАТО, концептот за понатамошно дејствување на алијансата, како и дискусија за сегашните, идните предизвици и научените лекции поврзани со пандемијата предизвикана од Ковид- 19.
По завршување на конференцијата на која учествуваат и врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, од страна на претседавачот на ВК, воздухопловниот маршал, сер Стјуарт Пич ќе се соопштат донесените заклучоци.
По нашето членство во НАТО, генералот Ѓурчиновски учествува на заседанијата на ВК на сите сесии со полно право во процесот на одлучување и донесување заклучоци, кои се од значење за развојот на Армијата на Република Северна Македонија за целосна интеграција во сите сегменти на НАТО.
Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови двапати годишно ги одржува своите редовни состаноци, а денешната е 185-та редовна конференција која се одржува со сите предвидени мерки за заштита од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

