Македонија
Училиштето „Димитар Влахов“ ќе ја добие првата сензорна градина
Првата сензорна градина во Македонија ќе биде отворена во училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Сензорната градина, која се наоѓа на отворен простор, ќе го унапреди наставниот процес, а ќе им помогне дополнително на наставниците и учениците во наставниот процес.
Проектот е инициран од Американската стопанска комора во Македонија – AmCham, а цементарницата „Усје“ е една од компаниите што го поддржаа. На денот на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, AmCham во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли, заедно со сопругата и претставници на бизнис-секторот, помагајќи ја последната фаза од реализацијата на овој проект, засади 25 садници што ги донира „Усје“.
Градините од ваков тип се безбеден простор за лицата со оштетен вид и се користат за да ги вежбаат своите физички вештини кои им се потребни во секојдневието: одење по нерамна земја и други материјали, како песок и камен, допирање и мирисање, преку кои се препознаваат разни растенија, материјали и текстури, а истовремено се работи и со слух, со цел полесно да се идентификуваат и разликуваат секојдневните звуци.
„Нашата заложба да бидеме дел од проекти од јавен интерес е континуирана и е дел од нашето секојдневно работење. Се гордееме што сме дел од овој проект бидејќи тоа за нас не е прашање само на добра волја, тук наша обврска. ‘Усје’ веќе неколку години по ред континуирано ги поддржува училиштата и се надеваме дека ќе продолжиме во истиот правец“, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на цементарницата „Усје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

