Македонија
Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина управителот на дискотеката „Пулс“

По неколкунеделно лекување, почина Александар Карадакоски, управител на „ММММ кафе“ ДООЕЛ, која управувала и со дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 59 лица по избувнувањето пожар по употреба на пиротехнички прскалки.
Карадакоски на лекување беше испратен во Литванија, каде што и почина.
Жителите на Кочани сведочеа дека тој, освен што бил заведен како управител, работел и како шанкер во дискотеката.
Карадакоски е еден од 34-те мина осомничени за трагедијата во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Центар, Аеродром и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2 и објектите околу бизнис центарот, општина Центар;
– Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 08:30 до 15:30 часот,дел од корисниците на улицата Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром;
– Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улицата Венијамин Мачуковски, национален ансабл танцер и околината, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.