Македонија
Уште тројца заразени со коронавирус, позитивни се тестираните во „Жан Митрев“

Позитивни се тестовите на тројцата пациенти што се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, соопшти Министерството за здравство.
Со нив, вкупниот број на заболени од коронавирус во земјата засега изнесува 26 лица.
Од Министерството нагласуваат дека состојбата на сите пациенти е стабилна.
Министерот за здравство утрово одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.
Повеќе информации ќе следуваат на прес-конференцијата на министерот за здравство, закажана за 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.