Македонија
Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев со две дисциплински постапки, обвинителската иднината им зависи од Комисијата за дисциплинска одговорност
																								
												
												
											Две дисциплински постапки се иницирани против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, дознава „Макфакс“. Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки. Молк и од обвинителите Фетаи и Рајчев. На потег е петчлената комисија.
„Во моментов има иницијативи за дисциплински постапки против неколку јавни обвинители. Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Се постапува и по кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители посочени од Стаменковски. Обвинител проверува дали неговите колеги сториле злоупотреба на службена положба и овластување или злоупотреба на лични податоци, дела за кои е поднесена пријавата.
„Кривичната пријава е примена и ќе биде распоредена кај јавен обвинител кој ќе ги провери наводите“, додаваат од Обвинителство.
„Макфакс“ контактираше со Фетаи и Рајчев. Ги прашавме дали се запознаени со дисциплинските покренати против нив, како и за коментар. Од нив молк. Тие не одговорија дали во некој од предметите кои ги воделе постапиле спротивно на правилата за работа.
Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан од „ДоказМ“ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи дека му испраќал информации. Ова беше демантирано од обвинителот, кој истовремено најави и тужба за клевета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

